Романската полиција вчера уапси маж (32), кој е осомничен дека во петокот ја силувал и ја убил осумгодишна Марија.
Телото на девојчето било пронајдено ноќта меѓу петокот и саботата во грмушките во атар на ботошанското село Јајаи. Малата Марија на барање на мајка си отишла кај вујко и да земе тенџере, но никогаш не се вратила кај родителите.
Имено, околу 20.00 часот нејзината мајка ја замолила да оди во куќата на нејзиниот вујко, која е во дворот до неа и да земе тава. Кога девојчето не се вратило и по десет минути, мајката ја испратила помалата ќерка (6) да види зошто останала.
Малечка потоа се вратила дома и рекла дека „го нема ниту вујко ниту сестра ми“, по што родителите и роднините тргнале во потрага по детето. Откако и по еден час не можеле да ја најдат, ја алармирале полицијата.
Телото на детето, полуголо и крваво, било пронајдено по полноќ во густинот на работ од шумата, додека не успеале да го најдат вујкото.
Тој бил фатен дури вчера околу пладне, недалеку од местото на злосторството.
Полицијата го забележала како се крие во високата трева и му наредила да се предаде, а тој почнал да бега. И по два предупредувачки истрели не сакал да застане, но за среќа полицијата го стигнала и го уапсила.
На снимката се гледа како полицијата води човек во црна дуксер и светли панталони до патролен автомобил. Неговиот дуксер е покриен со сува трева, а косата му е разбушавена.
Според медиумите, тој веднаш го признал делото, тврдел дека му е жал и дека бил пијан.