Поп-пејачката со албанско потекло Дуа Липа го посети Косово каде неколку дена се дружеше со семејството, момчето и пријателите.
Да потсетиме, Липа е родена во Велика Британија, но како мала се преселила во Приштина, каде заедно со нејзиниот татко го покренале фестивалот „Сончев рид“ кој се одржа минатата недела.
На фестивалот настапија Бебе Реџа, Бурна Бој, Стормзи, Диџеј Снејк, Блек кафе, Браќата Мартинез и други, а Дуа Липа ги чекаше како домаќинка и водителка.
Таа преку социјалната мрежа Инстаграм сподели моменти од претходните денови и покажа колку се забавувала.
Таа неколку вечери по ред се забавуваше со блиски луѓе, јадеше ќебапи, а на фотографијата ја истакна тетоважата со двоглав орел што беше направена на градите на машко лице.
– До следната година – изјави пејачката, а како беше погледнете во објавата подолу.