Пратеникот на Босна и Херцеговина, Небојша Вукановиќ, брутално го искара српскиот кошаркар Никола Јокиќ поради неговата одлука да не игра за Србија на Мундобаскетот.
Вукановиќ го коментираше златниот медал на босанската репрезентативка Лана Пудар на Светското првенство во пливање за јуниори и по тој повод се осврна на пласманот на Србија во полуфиналето на Мундобаскетот.
,,Честитки за Лана. Видовте и како Србија ја победи фаворизираната Литванија. Се радувам и на Никола Јокиќ, морам и него да го спомнам. Ја слуша Цеца, добива 50 милиони според договорот, па не сака да игра за својата земја. Никогаш повеќе не треба да доаѓа овде. Ќе видите дека можеме да играме без Јокиќ и Мициќ, кои добија милионски договори. Тие се вообразени ѕвезди“, рече Вукановиќ на програмата на N1.
Во одговор на изјавата на водителот дека „тоа не е наша репрезентација“, Вукановиќ истакна дека е среќен кога победува Босна и Херцеговина, но дека мора да сфатат дека „95 отсто од луѓето во Република Српска навиваат за Србија“.