Ја снимиле како меша со градите – Поголеми не сте виделе!

Алекс е плус сајз девојка која се бори сите припаднички на понежниот пол да се прифатат себеси во секое издание. Таа стана популарна на Инстаграм, а видеото на кое ги „меша“ градите собра многу лајкови и симпатии кај обожавателите.

Алекс Аспасија, инфлуенсерка која се залага за позитивен имиџ на телото, летово ги „размрда“ сите со нејзините фотографии во бикини и нејзината самодоверба која сите ги соборува. 

Алекс не била секогаш задоволна со своето тело. 30-годишната девојка, која е висока 180 сантиметри и тешка 159 килограми, порано се бореше со самоприфаќање, особено затоа што луѓето често ја нарекуваа „кит“. Но, сега, откако научи да ја изразува својата женственост и ја врати самодовербата, таа ја шири пораката за позитивност на телото за да им помогне на другите кои можеби се несигурни за нивната големина.

И со летото во полн ек, таа гордо ги истакнува своите облини во оскудни бикини, без разлика што мислат другите.

Таа е доказ дека секоја девојка не мора да биде премногу слаба за да биде привлечна и згодна. Мажите имаат различни вкусови, а Алекс има многу додворувачи. 

Таа никого не остава рамнодушен со своите облини, а она што најмногу привлекува внимание се нејзините природни гради кои со голема радост ги покажува.

Кадарот како седи на плажа и се движи така што градите и се движат во тој правец никого не остави без коментар. Видеото собра повеќе од 70 илјади лајкови!

– Мојот омилен стил се дводелните бикини и монокини, бидејќи прават да се чувствувам самоуверено и силна   – вели плус-сајз инфлуенсерката и модел.

– За сите оние кои се чувствуваат несигурно додека носат бикини, сакам да знаат дека заслужуваат да уживаат во сонцето и на плажата како и секој друг. Не дозволувајте стандардите за убавина на општеството да ве задржат. Носете го она што ве прави да се чувствувате самоуверено и удобно. Без разлика дали се работи за бикини, монокини или некој друг стил. Вашето тело е убаво такво какво што е – додала таа. 

Инаку, Алекс ѝ стана позната на јавноста откако објави песна за плус сајз жените за да им помогне да се чувствуваат „секси“ во своја кожа. Но, и денеска наидува на погрдни коментари. 

–  За жал, сè уште наидувам на навредливи коментари, како во живо, така и на интернет. Луѓето даваа сурови забелешки за мојата големина и изглед, сугерирајќи дека треба да се прикривам или да се сокријам. Тоа е обесхрабрувачки, но научив да ги ставам среќата и самодовербата пред се друго – додаде таа. 

Алекс се надева дека ќе продолжи да ја шири својата порака за да ги предизвика стандардите за убавина во општеството и да им помогне на луѓето да сфатат дека убавината доаѓа во сите облици и големини.

– Сакам да бидам „светилник“ во општество кое често ја поврзува убавината со тесен збир на физички карактеристики. Започнете со практикување на самољубезност и сочувство. Предизвикајте ги негативните мисли и заменете ги со афирмации на самољубие. Прифатете ја вашата уникатност и прославете го она што ве прави посебни – ги советуваше таа сите жени.