Пред точно една година во село кај Бечеј се случи страшно убиство кога младиот Љ. Б., кој тогаш бил малолетник, ја усмртил својата братучетка Станка М. од Милешево, а несреќата ја пријавил таткото на младиот човек.
– Станка имала видливи повреди по телото, момчето очигледно со сета сила ја удрило со чекан, а имала и расекотини на вратот, најверојатно ја задавил – изјавил тогаш близок извор на истрагата.
Малолетник убиец е уапсен во Бачка Топола, кој откако со чекан на монструозен начин ја убил несреќната жена, влегол во автомобилот на жртвата и се упатил кон центарот на Бачка Топола, каде го оставил возилото. На тоа место бил уапсен еден ден подоцна кога бил предаден со телефонски повици од украдени мобилни телефони.
Телото на убиената го пронашол првиот сосед, како што објаснил тогаш, затекнал грозоморна сцена кога ја видел соседката како лежи во локви крв покриена со ќебе.
-Ми се јави сосетката да провериме што се случува во куќата на убиената жена бидејќи таа не се јавувала на телефон. Прво тропнав на вратата, но таа не ми одговори ниту по моите повици. Бидејќи беше темно, го вклучив светлото на мојот мобилен телефон. Погледнав десно, вратата беше малку отворена и само ја турнав. Жената лежеше на стомак и беше покриена со ќебе. Се гледаше крв – рекол тогаш соседот.
Како што раскажаа тогаш роднините на несреќната жена, Станка собирала пари за, како што рече, „црни денови“. Соседите секогаш велеа дека е прекрасна жена, не сака никому да биде товар и практично собирала пари за еден ден никој да и’ плати за погребот.
-Нема друг мотив за делото освен тие пари. Веројатно е во прашање личен интерес – рекоа извори.