Јелена Карлеуша го најави објавувањето на нејзината грамофонска плоча, а потоа откри што ќе се случува на 1 септември (фото)

Пејачката Јелена Карлеуша ги промовираше своите два нови албуми: „Алфа“ и „Омега“.

Прво шокираше со декорацијата, со куклите во сите нејзини комбинации кои ги носеше во видеото, а потоа и со масата која беше украсена во црно-бела боја, а како специјалитет се послужи „Карли џус“.

После тоа, таа ги заинтригира сите со својот футуристички стајлинг, а потоа им се обрати на сите кои беа собрани.

Сепак, Карли не би била Карли доколку не оставила уште едно изненадување за самиот крај.

Имено, таа најави дека на први септември ќе излезе нејзиното ЦД, како и грамофонската плоча и дека токму тогаш ќе почне да ги снима спотови за останатите песни. Потоа додаде дека подготвила специјално изненадување за обожавателите. На осми септември таа ќе одржи настан на кој ќе слушаат песни, а за тоа, како што вели, допрва ќе се зборува.