Јелена Карлеуша за 72 часа ги лансира парфемите и спрејовите за тело, ќе носат моќно име

Поп дивата Јелена Карлеуша лансираше сопствена линија на парфеми и специјални мириси за тело, дознава српскиот портал Телеграф.

Имено, Јелена за неколку дена ќе ја лансира првата линија на специјални парфеми и мириси за тело, а на овој проект работеше во строга тајност.

По неколкумесечна посветена работа со својот тим, Карлеуша ја пронајде совршената нота на мирис и конечно е подготвена да ги лансира своите производи на пазарот за убавина.

Оваа колекција ќе носи посебно име, впечатливо и во нејзин стил: „ЈА ЈК“ .

Инаку, Карлеуша не сакаше да каже ниту да објави ништо за овој проект кој многумина ги интересира, а производите за промоцијата ќе ги претстави во понеделник.