Таа секогаш ги поставувала стандардите кога е модата во прашање
Јелена Карлеуша секогаш изненадува кога се појавува во јавноста, пред се со нејзиниот стајлинг, кој секогаш е нешто неочекувано. Така беше и на прославата на објавувањето на новиот албум на нејзината пријателка и колешка Милица Павловиќ, кога сите погледи беа вперени во неа.
Пејачката се појави со огромна, сламена капа на главата, додека нејзиниот фустан изгледаше како да е изработен од истиот материјал. Сепак, колку и да им изгледа чудно, сѐ што облекува Јелена чини многу и е дел од колекцијата на познати брендови.
Шапката и фустанот се од колекцијата на познат бренд и воопшто не се евтини. Капата чини 360 евра, додека фустанот чини 675 евра. Секако, Јелена не би била Јелена доколку не го зачини целиот стајлинг.
Прошетала за 1.600 евра, колку и чинат чевлите, во рака носела 4.400 евра, колку ја платила чантата, шорцевите под фустанот се 175 евра, а најскапата работа, со која го завршила целиот изглед, е познатиот „Ролекс“, чија цена се проценува на околу 34 илјади евра.
Кога се ќе се собере, Карлеуша на себе имала 41.210 евра.