Јелена Томашевиќ, сопругата на познатиот кошаркар Дејан Томашевиќ, проговори за автоимуната болест, со која се бори цела деценија. Томашевиќ тврди дека на почетокот имала нејасни симптоми, а потоа и болки во зглобовите и мускулите:
– Забележав еден месец по четвртото породување дека ми отече едниот прст, а утредента друг. Отидовме кај лекарите кои ги направија сите потребни тестови и открија дека имам лупус. Тогаш првпат дознав дека постои болест под тоа име – вели Јелена и додава дека сето тоа се случило додека живееле во Шпанија. Малку подоцна Дејан потпишал договор во Грција, се преселиле во Атина и таму побарала второ мислење. За жал, дијагнозата беше потврдена.
– Докторот ми објасни дека без разлика што имам 36 години, телото ми е како 75. Открија и дека покрај лупус имам и пропратно заболување кое се вика ревматоиден артритис – вели Јелена и додава дека потоа дошло доаѓањето во Белград и лекувањето.
Од друга страна, нејзиниот сопруг Дејан, познат кошаркар, тврди дека Јелена стоечки го издржала сознанието дека боледува од автоимуна болест.