За време на осминафиналето на Ролан Гарос, секако сите погледи се вперени кон натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Франциско Серундоло. На Ѓоковиќ од трибините го бодрешњ сопругата Јелена Ѓоковиќ, која како и секогаш е во фокусот на сите модни очи.
Јелена често приредува вистинско модно уживање на турнирите, а за денешниот натпревар избра тексас комбинација. Нема тренд, нема сезона, нема рок на траење. Едноставно не излегува од мода и секогаш е доволно лежерна, доволно прилагодлива и „ин“.
Фармерките и тексас кошулата се одличен избор за тениски меч, а бојата на фармерките одговара на нежниот тен на Јелена.
Меѓу комбинациите на модните инсајдери и оваа година доминантни се тексас кошулите. Гледајќи ја уличната стил сцена, тексас кошулите се насекаде – без разлика дали се стилизирани со опуштени фармерки, плисирани здолништа и кожни парчиња. Постојат голем број на кошули од тексас кои докажуваат колку е разноврсна основната гардероба и дека секогаш има нови начини да ги носите.
И додека Јелена ужива да носи јакни и лелеави фустани на трибините, понекогаш спортскиот стил е токму она што и’ дава најголема удобност. Тексасот е толку лесно да се трансформира и да добие доза на лежерност, а овојпат таа го постигна со додавање на капче.
Наш моден совет за летото што го поминувате или на море или во канцеларија?
Деним кошула и морнарски принт!