Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од 15 часот ќе го игра финалниот меч на Вимблдон против Карлос Алкараз, каде ќе се обиде да испише уште една нова страница во историјата, како играч со најмногу грен слем титули во историјата. Тоа би било 24-то за Новак, додека зад него е Рафа Надал со 22 титули.
Сите околу Новак се свесни колку е важен дуелот. Наспроти него е младиот Карлос Алкараз кој има само 20 години и кој моментално е прв на табелата.
И покрај тоа, вербата не недостига, особено за Новак, но и за неговото семејство. Сопругата Јелена, синот и ќерката Стефан и Тара решија да го испратат на финалниот натпревар на Вимблдон, но сето тоа го направија по стар обичај, каке полејаа вода пред него за среќа.
-Среќно – напиша Јелена покрај насмеаниот Новак, кој со опремата замина на пат кон Централниот терен.