– Светот очекува САД и Кина да соработуваат како две најголеми светски економии, рече американската министерка за финансии Џенет Јелен на форумот во Париз на кој се разговараше за идеите за таканаречениот нов глобален финансиски пакт и за олеснување на должничкиот товар на сиромашните земји и одобрувањето на финансирањето на борбата против климатските промени.
„Како две најголеми светски економии, имаме одговорност да работиме заедно на глобалните прoблеми“, рече Јелен на завршниот панел на кој меѓу другите лидери беше и кинескиот премиер Ли Кечијанг.
„Тоа е нешто што можеме да го направиме. Тоа е нешто што светот го очекува од нас“, додаде Јелен.