Јеменските Хути донеле решение: Ослободиле 153 воени заробеници! Антонио Гутереш бара уште нешто од проиранската група (ФОТО)

Јеменските бунтовници Хути денеска еднострано ослободија 153 воени заробеници, објави Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Тие вчера посочија дека планираат да ги ослободат затворениците, како дел од напорите за намалување на тензиите по постигнатото примирје во војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Сепак, ова ослободување дојде откако 
Хутите затворија уште седум јеменски вработени во Обединетите нации, што предизвика лута реакција на светската организација.

Меѓународниот Црвен крст соопшти дека го поздравува едностраното ослободување како позитивен чекор кон заживување на преговорите за ставање крај на долготрајната војна во земјата.

– Оваа операција го донесе многу потребното олеснување и среќа на семејствата кои со нетрпение го чекаат враќањето на своите најблиски – рече Кристина Ципола, шеф на делегацијата на МКЦК во Јемен.

Таа рече дека знаат дека многу други семејства чекаат шанса да се обединат и изрази надеж дека денешното ослободување ќе доведе до уште многу вакви акции. 
Хутите не потврдија веднаш дека ослободувањето се случило.