Водителката Јована Јеремиќ многу се грижи за својот физички изглед, кој неодамна го доведе до совршенство со помош на храна и тренинзи.
Јована повеќе пати потенцираше дека тренира, а често објавува и видео од теретана. Неодамна проговори и за килограмите, па истакна дека ја достигнала посакуваната тежина.
Сега таа се соблече и ја покажа својата извајана фигура во бикини покрај базенот во својата вила.
Јована позираше додека седеше на фотелја, а кадарот одоздола едноставно заинтригира многумина… Таа со краток опис објасни што е природно кај неа.
– Една по полноќ. Така, спонтано. Ова е само почетокот. Совршено тело. Сериозен експеримент сум за сите млади да им докажам дека природна убавина е тоа што е сек*и. Сè ми е природно – напишала таа.
Во коментарите подолу доби грст комплименти: „Топ“, „Бомба“, „Џебна бомба“, „Ти си супер“…
Инаку, Јована неодамна се вселила во луксузна куќа на Грочка, која ќе се вика „Вила Јована“ , а ја добила на подарок од нејзиното момче, бизнисменот Драган Станковиќ.