На денешното судско рочиште, возачот Васил Јованов се изјасни за виновен за сообраќајната несреќа во која животот го загуби младата Фросина Кулакова.
„Да, судија, виновен сум“, рече Јованов пред судот, додавајќи:
„Почитуван суд. Сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејството и да им се извинам. Тоа што сум го сторил не сум можел да замислам дека ќе се случи.“