Јован Митрески седнува на спикерската позиција во Собранието

Извори од вледејачката СДСМ за 24инфо.мк брифираат дека денеска, додека се уште траел состанокот на партијата ДУИ, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, за недела закажал состанок на раководството на партијата.

Како што неофицијално дознаваме, на овој состанок, од страна на претседателот на СДСМ Димитар Ковачаевски се очекува Јован Митрески да биде предложен за Претседател на Собранието, а потоа и потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ.