Никола Јокиќ и Лука Дончиќ во ист тим, самото спомнување на вакво нешто ги возбудува љубителите на кошарката.
Ова за малку ќе станеше реалност во 2018 година, а сè беше „расипано“ од Владе Дивац.
Имено, Дончиќ беше избран како трет пик на НБА драфтот за 2018 година од страна на Атлатна, но веднаш беше трејдуван во Далас за Треа Јанг.
Право на вториот пик имаа Сакраменто Кингс со Владе Дивац како генерален менаџер, а добро е познато дека Дивац не го сакаше Дончиќ.
Тоа се обиде да го искористи Денвер кој со сите сили сакаше да им парира на Дончиќ и Јокиќ.
Тие предложија трејд, нудејќи го Гери Харис и два пика од првиот круг, а Сакраменто сериозно размислуваше за ова.
Ова го откри познатиот новинар Марк Сингер.
– Нагетси знаеја дека Владе Дивац не е премногу заинтересиран за Лука Дончиќ. Сакаа да го спојат Никола Јокиќ со Лука Дончиќ. Тоа го пробаа во 2018 година на драфт вечер. Повикот е направен. Денвер се обиде да го добие вториот пик, а тие му понудија на Гери Харис и два пика од првиот круг – според Сингер, кој исто така додава:
– Се размислуваше за размена. Нагетс многу добро знаеја дека Дивац не размислува за Дончиќ и се обидоа да го искористат тоа. Не бев во просторијата кога се разговараше, но знам дека се разгледаа можностите. Луѓето ми велеа: 30 секунди мислевме дека го имаме Лука. Тоа е огромна добивка – изјави Сингер.
На крајот ништо не излезе од оваа работа, на големо жалење на сите љубители на кошарката…
Кој знае што ќе се случеше доколку Дивац се согласеше…