Јокиќ казнет со 25 илјади долари поради туркање на сопственикот на Феникс

 Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ е казнет од НБА со 25.000 долари.

Дваесет и осумгодишниот Србин го оттурна сопственикот на Феникс, Мат Ишбија за време на четвртиот натпревар од полуфиналната серија на Западната конференција. Во исто време, Јокиќ не доби суспензија од натпреварите.

Јокиќ постигна 53 поени, но Феникс победи на натпреварот со 129:124 за израмнување на серијата (2-2).

Следниот дуел на овие две екипи е утре во 4 часот по македонско време