Актерот Саша Јоксимовиќ, брат на пејачот Жељко Јоксимовиќ, се разведе од сопругата Невена.
Саша се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и јавно ја објави оваа одлука.
Во објава на Инстаграм тој и’ се обрати на сега веќе поранешната сопруга:
– Ги известувам сите, јас и Невена повеќе не сме заедно – започна тој во својата објава и додаде:
– Секој со свои афинитети и доста е. Биди му најдобра мајка на нашиот Илија, а и јас нема да бидам лош татко. Без коментар – напиша актерот, веројатно сè уште не подготвен да ги открие деталите во јавноста.