Поранешниот бугарски амбасадор во Македонија и поранешен европратеник Александар Јорданов изјави дека Македонија не ги исполнува своите обврски за членство во Европската Унија и го блокира нејзиниот европски пат.
„Јас лично го познавам премиерот Христијан Мицкоски, тој постојано се издига до врвот на ароганцијата. Вреди да се потсетиме на зборовите на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, дека влезот во ЕУ зависи само од заслугите на кандидатите“, рече Јорданов во изјава за „Еуроњуз“ Бугарија.
Според него, главниот елемент во францускиот предлог е вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав, услов кој, како што вели, е добро познат и не треба да се занемарува.
„Проблемот е што дел од македонските политички елити им служат на интересите на Белград. Затоа се создаваат вештачки пречки за да се создаде впечаток дека надворешен фактор како Бугарија ја запира Македонија“, нагласува Јорданов.