– Министерот за надворешни работи на Јордан, Ајман Сафеди, истакна дека ускратувањето храна и лекови на цивилите во Појасот Газа под израелската блокада не се смета за воено злосторство, како во Украина.
Од јорданското Министерство за надворешни работи објавено е дека Сафеди го привлекол вниманието на пристапите во врска со судирите што започнаа меѓу Израел и палестинските групи на 7 октомври.
По израелско-палестинскиот конфликт, европските медиуми ги прашаа арапските лидери: „Дали го осудувате убивањето на невини цивили?“
Сафеди рече дека тие го осудиле и отворено го кажале тоа на состанокот на министрите за надворешни работи на Арапската лига одржан во Каиро, главниот град на Египет, пред неколку дена.
Укажувајќи на нивниот двоен стандард кон војната во Украина и нападите на Израел врз Појасот Газа, Сафеди рече:
„Нашите луѓе прашуваат, зошто е воено злосторство да им се ускратат храната и лековите на Украинците и зошто не е воено злосторство кога тоа им е ускратено на жителите на Газа? Зошто е воено злосторство да се убиваат невини цивили во Украина и Југославија, а не во Газа?“
Тој истакна дека е потребно да се погледне кое е правото на самоодбрана според меѓународното право.
„Да разговараме со едноставна логика дали убивањето на 4.000 Палестинци и уништувањето на 98.000 куќи се смета за самоодбрана“, праша тој.
Газа се соочува со тешка хуманитарна криза, нема струја, а водата, храната, горивото и медицинските материјали се при крај.
Конфликтот во Газа, која е под израелско бомбардирање и блокада од 7 октомври, започна кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, повеќестран ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел по копно, море и воздух. Се наведува дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.
Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ кон позициите на Хамас во Појасот Газа.