Јотова: Услов Бугарија да не се откаже е вклучување на Бугарите во Уставот на Република Мaкедонија

Задолжителен услов од кој Бугарија нема да се откаже е вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија. Потпретседателката Илијана Јотова ова му го соопштила на државниот секретар за прашања на Европската унија на Кралството Шведска, Кристијан Даниелсон, велат од кабинетот на претседателот на државата.

„Очекуваме дека Скопје навистина ќе го спроведе Договорот за добрососедство, како и двата заеднички протоколи. Темелна вредност на Европската Унија е почитувањето на човековите права. Таму каде што не се заштитени човековите права, нема Европска Унија“, рече Јотова.

Даниелсон се заблагодари за поддршката на Бугарија за време на минатото шведско претседавање со Советот на ЕУ, како и за членството на Шведска во НАТО, додаваат од прес-службата.

„Се надеваме на позитивен развој на есен во однос на пристапувањето на Бугарија во Шенген. „Мојата земја одамна ги исполни критериумите за членство, таа е безбедна надворешна граница на Европската Унија“, рече Јотова.

„По оставката на премиерот Марк Руте, не знаеме каков ќе биде ставот на Холандија“, нагласи таа.

Со 526 гласа „за“, 57 „против“ и 42 воздржани, Европскиот парламент денеска во Стразбур гласаше за поддршка на новиот повик за прием на Бугарија и Романија во Шенген. Ова е втор пат европратениците да инсистираат Советот на ЕУ да постигне едногласност.