Водата во Скопје е исправна за пиење, покажуваат податоците од анализите на 147 мостри од 39 мерни места.
„Секторот за санитарна контрола во периодот од 22 до 25 април зеде 147 мостри за физичко-хемиска анализа и 147 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Град Скопје. Според резултатите од анализата, сите мостри одговараат на Правилникот за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење“, информираат од ЈП ,,Водовод и канализација” на Скопје.
Јавното претпријатие, како што соопштуваат, за подобро информирање на граѓаните на град Скопје, ги објавува овие податоци во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите што ги направи Секторот за санитарна контрола.