Можни се доцнења и измени во возниот ред на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „ЈСП Скопје“ поради прекин на снабдувањето со гас.
Од Дистрибутивниот центар за гас во Скопско соопштија дека добиле известување од снабдувачот „НОМАГАС“ за прекин на снабдувањето со природен гас до 17 октомври, што може да предизвика отстапувања во распоредот на сообраќајот.
НОМАГАС претходно објави дека, поради ремонт на гасоводот во Бугарија преку кој земјата се снабдува со гас, ќе има прекин во снабдувањето со природен гас за Македонија од 13 до 17 октомври.