ЈСП: ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ УТРЕ ЌЕ ФУНКЦИОНИРА ВООБИЧАЕНО

Почитувани корисници,

Ве информираме дека јавниот градски превоз ќе функционира редовно и без задршки и покрај наводите на одредени медиуми и структури дека Скопје утре ќе остане без јавен превоз.

Апелираме до медиумите да бидат одговорни и да не шират лажни вести и паника кај граѓаните.

Истовремено, сакаме да потенцираме дека причината за штрајк на новоформираниот синдикат, четврти по ред, е нелегитимна бидејќи од 1 јуни зголемена е платата на сите вработени во ЈСП.

Апелираме, медиумите и синдикатите да не дозволуваат да бидат инструментализирани од политиканти и политички бандити.