Имаш две ввозила Југо, аутолимар си и во еден момент ти проработи фантазијата… Алатот во рацете и се случува чудо!
Токму тоа го направил Американец кој поседувал два Југа од 1988 година, додека сè уште се извезувале на американскиот пазар. Решил да ги искомбинира и да направи уникатна лимузина!
Сега неговиот внук го продава овој уникатен примерок, а неговата реклама го запали интернетот.
Во огласот на Фејсбук беше наведено дека дватa автомобили биле купени директно од застапникот во 1988 година од дедото на огласувачот. За забава, потоа ги заварил и така создал уникатна издолжена лимузина.
Бидејќи дедото бил автолимар, знаел што прави, вели неговиот внук, па дури и возел ваква кола.
Се вели дека тој во својата златна доба поминал околу 69.000 километри.
Но, со години седи во гаража, а за да проработи, се вели дека треба да се направат само мали поправки. Дедото лимар сега има 82 години, па веќе не сака да го прави тоа, затоа семејството решило да ги продаде неговите рачни изработки, со сите шари што го прават уште поуникатно.
Оваа лимузина Југо чини 4.000 долари, а на фотографиите е прикажан целиот процес на спојување на две стари Југо, црвено и бело.