– Јужна Кореја изрази желба да соработува со новата јапонска влада за зајакнување на односите со Јапонија, соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи. Изјавата доаѓа по изборот на Шигеру Ишиба за лидер на Либерално-демократската партија и иден премиер.
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јол постави како приоритет подобрување на односите со Токио и тристраната соработка со САД во областа на безбедноста, игнорирајќи ги долгогодишните историски конфликти меѓу двете земји.
„Јужна Кореја и Јапонија се најблиски соседи и партнери кои споделуваат заеднички вредности и интереси во безбедноста, економијата и глобалните прашања“, соопшти Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја.
Шигеру Ишиба, кој го замени актуелниот премиер Фумио Кишида, се смета за умерен политичар со различни ставови од претходното раководство. Американскиот претседател Џо Бајден ги охрабри двете држави да ги подобрат своите односи.