Познатиот американски Јутјубер Џејк Пол го победи поранешниот борец на УФЦ, Нејт Дијаз, во боксерски спектакл во Далас.
Борбата траеше 10 рунди, а Пол заслужено славеше со едногласна одлука на судиите
Ова беше прва борба за Дијаз во боксерскиот ринг по заминувањето од УФЦ, додека Пол по овој триумф има скор од 7:1.
Публиката во преполниот „Американ ерлајнс центар“ уште од самиот старт на борбата беше наклонета кон познатиот ММА борец, но тоа не му помогна да го надмине „Проблемното дете“ кое уште еднаш покажа дека има неверојатен талент за овој спорт.
Пол тргна бурно, веќе во првата рунда сериозно го потресе Дијаз со разорни удари.
Јутјуберот во петтата рунда го фрли на под познатиот борец, но Дијаз успеа да стане и да го продолжи мечот. Издржа жестоки удари, ги издржа сите десет рунди и на крајот му честиташе на противникот за заслужената победа.
Интересно, по борбата, Пол му понуди на Дијаз 10 милиони долари за да се бори според правилата на ММА. Останува да видиме дали славниот борец ќе го прифати предизвикот.