Венера, планетата на љубовта, е во Девица, каде што носи добар период за Девиците, Јарците и Биковите. Поради влијанието на Венера во Девица, секој знак ќе ги анализира врските во кои се наоѓа на интензивен начин.
ОВЕН
Венера во Девица може да ви донесе љубов на работа. Ова е некој кој е аналитичен и ориентиран кон детали. Сепак, токму таа особина ќе ви биде привлечна. Марс се движи во Шкорпија, па затоа нема да ги откривате вашите намери или чувства туку-така.
БИК
Венера во Девица ви одговара повеќе, па ќе успеете да се забавувате повеќе во септември отколку во август. Добар период за дружење, воспоставување нови контакти и забава. Многу Бикови ќе успеат да се заљубат, но треба да внимавате да не се изгубите себеси поради прекумерно анализирање на врските.
БЛИЗНАЦИ
Меркур во Вага ви носи повеќе среќа, па затоа веројатно ќе бидете во дилема помеѓу две лица во наредниот период. Некои Близнаци ќе седат на „две столчиња“, затоа внимавајте кому му верувате. Ќе бидете поканети на забава, каде што ќе стекнете нови познанства.
РАК
Влегувате во фаза кога ќе уживате во преписката и пораките. Можно е во наредните денови да одлучите отворено да разговарате за вашите чувства. Ќе има многу разговори, но и договори за подобрување на односите со луѓе кои ви се блиски.
ЛАВ
Ве следи неочекувано познанство. Пораките ќе ви пристигнуваат без престан, а вашата желба за комуникација ќе им олесни на луѓето подобро да ве запознаат. Поради ова, ќе бидете порелаксирани и подготвени за секаков вид контакт. Можно е пократко патување.
ДЕВИЦА
Венера во вашиот знак ви носи можност да се заљубите. Ќе имате повеќе можности да влезете во романса. Многумина ќе забележат дека сте станале поубави, па ќе го промените стилот или можеби фризурата, а во исто време ќе бидете мамка за луѓе од спротивниот пол.
ВАГА
Сезоната на вашиот знак ви носи шанса да блеснете. Затоа, можете да очекувате динамична недела со многу контакти . Сепак, поради влијанието на Венера во Девица, некои Ваги ќе имаат тајна љубов. Интензивно ќе размислувате за личност која некако ви е недостапна.
СКОРПИЈА
Венера во Девица ви носи можност да го претворите пријателството во љубовна врска. Марс во вашиот знак означува доминација во врските, па на крајот сите врски ќе бидат онакви какви што сакате да бидат. Вие сте супериорни во секој поглед .
СТРЕЛЕЦ
Меркур во Вага ви носи познанство преку пријатели. Исто така, може да ви се случи ситуација во која ќе бидете во дилема што навистина чувствувате кон некого. Марс во Шкорпија може да ви донесе средба на затворено место, па затоа ќе бидете малку мистериозни.
ЈАРЕЦ
Добра недела за планирање заедничко патување. Всушност, би било идеално да ја промените околината и да престанете да се грижите за работи од минатото што не можете да ги промените. Време е да се фокусирате на идните настани.
ВОДОЛИЈА
Ќе размислувате сè повеќе за патување во странство. Водолиите кои биле во брак имаат можност да запознаат нов партнер во наредниот период. Подобра недела за познанства и средби. Ако сте во брак, затемнувањето на сонцето на 21 септември може да донесе криза.
РИБА
Затемнувањето на сонцето во Девица на 21 септември ви носи голем тест за љубовта. Затоа, најдобро е ниту вие, ниту вашиот партнер да не се оптоварувате едни со други со проблеми. Некои Риби ќе одлучат да ја прекинат врската што ги оптоварувала со години, бидејќи е време за емоционално чистење.