Љубовен хороскоп до 4 ноември: Следува страсен и динамичен период

Венера ќе биде во знакот до 4 ноември, ставајќи фокус на хармонични врски, дипломатија и социјални интеракции, нагласувајќи ја потребата од рамнотежа и хармонија во љубовта и сите форми на соработка.

ОВЕН

Ве очекува страсен и динамичен период. Влегувањето на Венера во Вага ви носи ново познанство со личност ангажирана во јавни работи. Таа личност ќе биде привлечна и заводлива, па лесно можете да се заљубите. Страстите ќе бидат истакнати.

БИК

Ќе бидете склони кон нежност и емотивни разговори. Вашиот партнер ќе ве поддржи, а заедничките планови можат да ве зближат. Слободните Бикови можат да се чувствуваат привлечени од личност од деловната или секојдневната средина.

БЛИЗНАЦИ

Овој период ви носи можност за нова романса. Станува збор за личност што ќе ја запознаете на забава или на јавен собир. Вагите и Раковите ќе ви бидат привлечни, а некои Близнаци ќе бидат неодлучни помеѓу две лица.

РАК

Емоциите ќе бидат зголемени и ќе имате потреба од сигурност. Вашиот партнер ќе ја забележи вашата чувствителност и ќе ви пружи поддршка. Венера во Вага ви носи повеќе романтични моменти во домот и семејството, бидејќи ќе уживате во интимната атмосфера.

ЛАВ

Ќе бидете полни со енергија и привлечност, па вашиот шарм ќе освојува каде и да се појавите. Можно е флертување преку пораки и повеќекратни договори за состаноци. Вагата може да ве шармира со убави зборови и отворен пристап кон емоциите.

ДЕВИЦА

Ќе почувствувате потреба за стабилност во врските. Вашиот партнер ќе ја цени вашата грижа и организираност, но внимавајте да не бидете премногу критични. Слободните Девици можеби ќе имаат можност да запознаат личност која ја цени искреноста и едноставноста.

ВАГА

Љубовта доаѓа преку рамнотежа и споделени моменти. Венера влегува во вашиот знак, па вашата харизма и убавина доаѓаат до израз. Многу Ваги ќе се заљубат оваа есен како што не се заљубиле долго време, па ќе имаат моменти за паметење. Подгответе се за возбудливи средби.

СКОРПИЈА

Ве очекува интензивен период полн со страст и подлабоки емоции. Вашиот партнер може да биде љубоморен, затоа обидете се да бидете јасни во вашите намери. Ако сте слободни, веројатно ќе имате тајна симпатија или ќе фантазирате за личност која ви е недостапна или несфатлива.

СТРЕЛЕЦ

Авантура и нови искуства ќе ги одбележат наредните денови. Планетите во Шкорпија ви носат судбоносна средба. Ова е некој кој е емоционално затворен, но ќе бидете привлечени кон него бидејќи е мистериозна личност. Некои Стрелци лесно можат да се заљубат во пријател.

ЈАРЕЦ

Ќе ја доживеете љубовта сериозно и одговорно. Вашиот партнер ќе ја цени вашата стабилност, но бидете подготвени за малку спонтаност. Слободните Јарци може да пронајдат личност која размислува слично и ги дели нивните животни цели.

ВОДОЛИЈА

Венера во Вага е идеална за заедничко патување. Промената на околината ќе им биде од корист на Водолиите кои се во врска или брак . Ако сте слободни, можете да очекувате да запознаете личност која доаѓа од друг град. Плутон во вашиот знак носи кармички познанства.

РИБА

Ќе се чувствувате чувствително и романтично. Комбинацијата на Јупитер во Рак и Марс во Шкорпија ви носи посебна моќ, па лесно ќе го освоите секој што ви се допаѓа. Слободните Риби можат да очекуваат да влезат во нова романса.