Пејачот уште од првиот момент знаела дека Ангелија е вистинската
Пејачот Саша Матиќ ужива во хармоничен брак со сопругата Анѓелија, а круна на дводеценискиот брак се нивните две ќерки – Александра и Тара. Она што малкумина го знаат е како всушност започнала љубовта меѓу Саша и Ангелија и како се запознале.
Ангелија отишла на еден од настапите на Саша, каде почнале првите искри и оттогаш не се разделуваат, а љубовта ја крунисале со брак во 2003 година.
- Заеднички пријател ја спонзорираше нашата средба. Не запозна по концертот и од тој ден не се разделуваме – изјави тогаш Матиќ.
Саша претходно им кажа на медиумите кога сфатил дека таа е жената за сите времиња.
Во моментот кога ќе сфатите дека покрај себе првенствено имате пријател и некој на кој можете да се потпрете, кој ќе ве поддржи во вашите цели, тогаш знаете дека потрагата е завршена и дека ја имате вистинската личност покрај себе. Личност за цел живот – изјавил пејачот.