Љубовта со убавицата го подмладува, холивудскиот заводник не може да се одбрани од жените

Ричард Гир едноставно ужива во животот во Шпанија со сопругата Алехандра Силва и децата.

Холивудскиот заводник Ричард Гир веќе некое време ужива во Шпанија , татковината на неговата сопруга Алехандра Силва, која е 34 години помлада од него . Најновите фотографии докажуваат дека актерот е совршено задоволен од промената.

Двојката се појави во Барселона на филмски фестивал, и од првиот момент сите очи беа вперени во нив.

Алехандра избра свечен фустан со цветни мотиви , кој го комбинираше со бел шал, додека Гир блескаше во полежерно темно сино одело и бела кошула.

Двајцата насмеано позираа за фотографите и уште еднаш покажаа дека со право се еден од најхармоничните парови во Холивуд . Љубовта со младата Алехандра му е доста пријатна, е заклучокот на многумина со оглед на неговиот изглед.

Тие ја чуваат својата интимност строго за себе, а колку Ричард ја сака својата сопруга покажува и фактот дека решил да ја замени Америка со Европа и да се пресели во Шпанија.

За време на престојот на црвениот тепих, Ричард Гир не можеше да им одолее на насобраните обожаватели, даваше автограми и се фотографираше со сите, додека Алехандра трпеливо чекаше.