Изборот за директор на Филхармонијата ќе се спроведе законски, уверува министерот за култура Зоран Љуткови, по денешната средба со Синдикатот на вработените во Филхармонијата.
Како што информира Љутков, формирана е комисија која мора да поднесе извештај за прифатените кандидатури. За директор има пет кандидати и директор ќе биде тој што ги исполнува сите услови кои постојат во Законот.
Синдикатот на вработените во Филхармонијата денеска одржа протест пред Министерството за култура, апелирајќи Министерството да ги почитува законските одредби при изборот на директор на конкурсот склучен минатата недела, по што беа примени на разговор со министерот Љутков.
Владимир Лазаревски, од Синдикалната организација на вработените во Македонската филхармонија, по средбата рече дека добиле гаранции од министерот дека ќе постапат законски, дека изборот за директор на Македонската филхармонија ќе се изврши со закон и дека тоа значи дека кандидатот ќе има петгодишно работно искуство во културата, сертификати и се што е предвидено на конкурсот.
Сите овие изминати години, потенцира Лазаревски, дајте им за право да реагираат предвреме, бидејќи како што рече тие биле сведоци на сите овие години на тортура од страна на Министерството за култура и затоа денеска излеговме на овој јавен протест.
Министерот за култура Зоран Љутков по средбата изрази жалење што тоа морало да се направи вака: „прво протест, па разговор“.
Досега, нагласи Љутков, на огласот преку Министерството за култура сум назначил повеќе од половина директори и секој избор на директори бил легален.
Во врска со пишувањата во медиумите дека имало политички договор, Љутков изрази уверување дека „ќе биде избран тој што ги исполнува сите услови, законски“.