Њујорк Тајмс: Американски командоси убиле цивили во тајна операција во Северна Кореја во 2019 година

Припадници на елитната американска воена единица- Морнарички Фоки (Navy SEALs) убиле неколку севернокорејски цивили во неуспешна мисија за поставување уреди за прислушување во Северна Кореја, за време на дипломатските разговори со висок ризик во 2019 година, објавија денес американските медиуми.

Повикувајќи се на неименувани извори, „Њујорк тајмс“ објави дека Доналд Трамп ја одобрил операцијата за време на неговиот прв мандат, додека бил вклучен во историски разговори со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Цивилите наводно нуркале по школки кога случајно наишле на одред на „Фоки“ кои се истовариле на брегот во текот на ноќта.

Американските сили отвориле оган и ги убиле сите на малиот рибарски брод, се вели во извештајот, без да се наведе бројот на жртви.

Пентагон подоцна изјави дека убиствата на севернокорејските рибари биле оправдани и во согласност со правилата на службата.

Од последниот самит меѓу Трамп и Ким во 2019 година, преговорите пропаднаа, а Северна Кореја продолжи да ги развива своите програми за нуклеарно оружје и балистички ракети.