Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на нејзиниот татко

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло, официјално се откажа од презимето на нејзиниот татко, пишува TMZ.

Отсега се вика само Шајло Џоли.

Таа во мај поднесе барање легално да се откаже од презимето на нејзиниот славен татко, откако тоа неофицијално го сторија нејзините сестри Захара и Вивиен. Но, поради грешка во судот, постапката траеше подолго, па рочиштето беше одложено во јули. Вчера се одржа ново рочиште и Шајло официјално го смени презимето во Џоли.

Пит со години не е во контакт со децата

Пит со години нема никаков контакт со синовите Медокс и Пакс. Наводно, Џоли поднела барање за развод токму поради конфликтот на актерот со Медокс во приватен авион, кога Медокс сакал да ја брани својата мајка.