Виолет, ќерката на познатите актери Џенифер Гарнер и Бен Афлек, одлучила да се дистанцира од својата поранешна маќеа, пејачката и актерка Џенифер Лопез, бидејќи се чувствувала искористена за време на нивниот развод.
Според информациите кои ги објави Дејли Мејл, Виолет се чувствувала како „пион“ во целата ситуација, поради што ја преиспитала врската со Лопез.
Откако Лопез и Афлек се разделија минатото лето, Виолет реши да остане со пејачката и да помине извесно време во нејзиниот дом во Хемптонс. Всушност, сестрата на Лопез, Линда, дури ја посетила Виолет на нејзините студии на Универзитетот Јеил, а овој потег беше изненадување за родителите на Виолет.
Иако Џенифер Гарнер се обидуваше да и’ даде поддршка и не сакаше да го ограничи односот на нејзината ќерка со Лопез, таа не можеше да го игнорира фактот дека Виолет многу се зближила со Лопез и понекогаш се појавуваше во нејзината облека.
Извор близок до семејството истакнува дека Виолет чувствувала дека била искористена за време на разделбата на нејзиниот татко и Џенифер.
“Со текот на времето, Виолет почна да сфаќа колку е вознемирен нејзиниот татко што нивното разделување стана централно прашање. Бен никогаш не ја коментираше ситуацијата со Лопез, но Виолет е многу паметна и секогаш ќе биде татино девојче. Затоа одлучи да престане да се гледа со Џеј Ло во јавност”, открил изворот.
Кога Бен и Џенифер раскинаа, Виолет беше емотивно погодена. Иако не живеела во нивната куќа и не ги знаела сите детали за проблемот, со текот на годините се зближила со Лопез, а нивната разделба тешко и паднала.
“Виолет сакаше нејзиниот татко да остане со Џенифер. Кога тоа не и’ успеа, таа беше многу повредена”, рекол изворот.
И покрај нивниот развод, Лопез и Афлек продолжија да соработуваат на филмски проекти, како што се „Незапирливи“ и „Бакнеж на жената пајак“, а тие останаа во контакт дури и преку пожарите што го опустошија Лос Анџелес.
Изворот открил и дека Лопез била во контакт со Афлек кога слушнала дека неговиот дом е во опасност од пожар.
„Таа посегна веднаш штом дозна дека Бен е евакуиран, му понуди помош и изрази загриженост за него и неговите деца“, рекол изворот.