Најстарата ќерка на основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс го роди своето прво дете. Сепак, иако е родена во едно од најбогатите семејства во светот, се чини дека новороденото девојче нема да има скапо и гламурозно воспитување како што многумина очекуваат.
Џенифер Гејтс (26 г.) неодамна со сопругот, олимпискиот скокач Најел Насар го објави раѓањето на нивната ќерка, чие име се уште не е откриено за јавноста.
И додека дедото на најновиот член на семејството Гејтс вреди 107 милијарди долари, таа веројатно нема да добие многу од неговото богатство.
Гејтс ги изрази своите стравови дека неговите деца ќе бидат “расипани” од неговото богатство, па дури еднаш вети дека ќе ја користи својата заработувачка за “да им помогне на сиромашните”, а не на своите деца.
Додека ги воспитуваа своите деца, Бил и неговата поранешна сопруга Мелинда Гејтс – кои се разделија во мај 2021 година по 27 години брак – дадоа се од себе нивните три деца, Џенифер, Рори и Фиби, да имаат нормално детство.
Бил (67 г.) и Мелинда (58 г.) барале од нив да ги делат домашните работи што е можно подеднакво, додека тој не им дозволувал да имаат мобилни телефони до својата 14-та година.
Поранешниот пар се обиде да ги воспитува своите деца што е можно поскромно, но нивната животна ситуација беше далеку од скромна – тие пораснаа во замок проценет на 131 милион долари во Вашингтон, кој имаше седум бањи, шест кујни, своја вештачка плажа, домашно кино, теретана и многу повеќе.
Иако кажа дека сака неговите деца “да си го направат својот пат во животот” и дека нема да видат многу од неговото богатство, тие секако имаа корист од тоа што беа дел од богато семејство.
На својата ќерка Џенифер, која моментално студира медицина, и подарил два луксузни домови – фарма за коњи вредна 16 милиони долари и пентхаус во Менхетен вреден 51 милион долари.