Лиза Мари Присли, единствената ќерка на Елвис и Присила Присли, ненадејно почина на 55-годишна возраст, оставајќи зад себе приказна за животот исполнет со трагични загуби, злоставувања и бурни бракови.
Родена на 1 февруари 1968 година, девет месеци по свадбата на нејзините родители, Лиза Мари пораснала во центарот на вниманието, но и под товарот на познатото презиме.
Лиза Мари имаше само девет години кога почина нејзиниот татко, кралот на рокенролот Елвис Присли. Според некои извори, таа била присутна во куќата во моментот на неговата смрт и го видела неговото тело во бањата пред да ја изнесат од собата.
По смртта на Елвис, Присила Присли се омажи за актерот Мајкл Едвардс, кој, според Лиза, ја злоупотребил нејзината доверба кога била тинејџерка.
Огромно богатство
Како единствено дете на Елвис Присли, Лиза Мари наследи огромно богатство, вклучувајќи го и легендарниот имот Грејсленд во Мемфис. Меѓутоа, во 2004 година, таа продаде 85% од богатството на нејзиниот татко, задржувајќи само дел од имотот.
Бројни бракови и разделби
Лиза Мари Присли имаше четири брака, секој со свои подеми и падови.
Лиза Мари има две деца со музичарот Дени Киу – ќерката Рајли Ки и синот Бенџамин Ки. Нивниот брак заврши со развод, но тие останаа блиски пријатели.
Три недели по разводот со Дени, Лиза Мари се омажи за Мајкл Џексон. Таа беше негов најголем поддржувач за време на обвинувањата за злоупотреба на деца, но нивниот брак траеше само две години.
Нејзиниот трет брак со актерот Николас Кејџ траеше само четири месеци, што предизвика голем медиумски интерес.
Лиза Мари се омажи по четврти пат, со гитаристот Мајкл Локвуд, со кој ги доби близнаците Харпер и Финли. Нивниот брак заврши со скандал кога беше откриено дека Локвуд поседува недозволени материјали на својот компјутер.
Во куќата го чувала својот мртов син цели 2 месеци
Трагедија ја погоди Лиза Мари во 2020 година кога нејзиниот син Бенџамин Кеу си го одзеде животот. Неговата смрт длабоко ја погоди пејачката, која ги изрази своите емоции во книга и интервјуа.
“Неговото тело го чував во посебна просторија два месеци. Во Калифорнија не постои закон кој бара итен погреб, па сакав да го држам блиску до мене”, напишала таа во книгата. Бенџамин на крајот беше погребан во Грејсленд до неговиот дедо Елвис.
По оваа трагедија, Лиза Мари најде сила во своите деца, ќерката Рајли и близнаците Харпер и Финли, но борбата за мир сепак беше тешка.
Ненадејна смрт
Лиза Мари Присли ненадејно почина во јануари 2023 година, само неколку дена откако присуствуваше на доделувањето на наградите Златен глобус со нејзината мајка Присила.
Ќерката на Елвис Присли починала поради тешки компликации по операцијата за намалување на стомакот, објавија тогаш американските медиуми.
Првично беше објавено дека Лиза Мари Присли починала од срцев удар, но извештајот од обдукцијата откри дека смртта е предизвикано од компликации по операцијата за слабеење. Лиза Мари имаше баријатриска процедура неколку години претходно – операција на дигестивниот тракт насочена кон слабеење, таканаречен гастричен бајпас – што предизвика делови од нејзиното тенко црево да се „спојат заедно“ и да создадат опструкција.