Ќерката на Мајкл Џексон снимена како плаче на улица: Никој не треба да ми диктира како тагувам

Парис Џексон, 27-годишната ќерка на легендарниот крал на поп-музиката Мајкл Џексон, беше снимена како шета сама по улиците на Малибу, плачејќи.

Видливо вознемирена и потресена, Париз доживеа емотивен слом само неколку недели откако беше одбележана 16-годишнината од смртта на нејзиниот татко.

Минатиот месец, Парис беше мета на критики затоа што настапи на концерт закажан за годишнината од смртта на нејзиниот татко. Во обраќање на социјалните мрежи, таа објасни дека немала никакво влијание врз распоредот на турнејата, бидејќи не е главен изведувач.

„Само затоа што настапувам тој ден не значи дека сум заборавила. Никој не треба да ми диктира како тагувам“, рекла таа тогаш.

Ова не е првпат Парис да покажува емоции јавно – претходно, фотографите ја снимале во солзи, а нејзиниот партнер, музичкиот продуцент Џастин Лонг, ја поддржува.

Мајкл Џексон почина на 25 јуни 2009 година, на 50-годишна возраст, од предозирање со лекови на рецепт. Веста за неговата смрт го шокираше светот и сè уште остава длабок белег врз неговото семејство, особено врз Парис.

Освен неа, Мајкл Џексон има и два сина – Мајкл Џозеф „Принс“ Џексон Џуниор (28) и Биги Џексон, попознат по прекарот „Бланкет“ (23). Нивната мајка Деби Роу ги роди двете постари деца, додека идентитетот на сурогат мајката која го роди Бланкет никогаш не е откриен.