Ќерката на Роберт де Ниро се изјасни како трансродова: Се чувствувам повеќе поврзана со себе

Ајрин Де Ниро, 29-годишната ќерка на актерот Роберт Де Ниро и поранешната манекенка Туки Смит, одлучи да ја сподели својата приказна и да го доближи своето патување до самоприфаќање до јавноста.

Во интервју за списанието „Тем“, таа зборуваше за фактот дека одлучила да открие дека е трансродова жена подоцна во животот, што ја инспирирало и обликувало по патот.

„Мислам дека голем дел од мојата транзиција произлезе од влијанието што црните жени го имаа врз мене. Влегувањето во овој нов идентитет, а во исто време со поголема гордост ја прифаќам сопствената црна припадност, некако создава чувство на блискост со нив“, рече таа.

Ајрин започнала со хормонска терапија во ноември 2024 година и признала дека се чувствувала повеќе поврзана со себе, но исто така се грижела како транзицијата ќе влијае на нејзините односи со луѓето блиски до неа.

„Дел од мене се плаши дека моето семејство можеби сè уште ме гледа како личноста што бев пред мојата транзиција“, рече таа.

Таа пронашла инспирација за своето патување низ видливоста на транс жените во медиумите, како што се Лаверн Кокс, Михаела Џе Родригез и Џулс Леброн.

„Транс жените кои се искрени и отворени за себе, особено на социјалните медиуми и успехот што го постигнале… си помислив: „Знаете што? Можеби сепак не е предоцна за мене. Можеби можам да почнам“, објасни Ајрин.

Роберт де Ниро и Туки Смит одлучија да ги држат своите деца подалеку од медиумското внимание додека не пораснат. Покрај близнаците, Де Ниро има уште пет деца: Дрена и Рафаел со поранешната сопруга Дајана Абот, Елиот и Хелена со поранешната сопруга Грејс Хајтауер и најмладата ќерка со партнерката Тифани Чен.