Каја Гербер на филмскиот фестивал во Торонто се појави во фустан сличен на оној што нејзината мајка, легендарната Синди Крафорд, го носеше на Оскарите во 1993 година.
Станува збор за креација на Ерве Леже во бела боја. Изгледот Каја го комплетираше со малку завиткана фризура, едноставна шминка, накит и шпиц.
На овој фестивал премиерно беше прикажан филмот „Школка“ во кој таа имаше улога. Таа доброволно им позираше на присутните фотографи.
Нејзината стилистка Моли Дикинсон во интервју за Вог изјави дека Каја и испратила неколку идеи за тоа што би сакала да облече на фестивалот, а една од нив е и овој фустан.
„Мислев дека е одлично да го почитувам иконскиот момент на Синди на овој начин“, додаде таа.
Во далечната 1993 година, Синди се прошета на црвениот тепих со нејзиниот тогашен сопруг Ричард Гир, додека Каја на филмскиот фестивал во Торонто се појави без придружба.
Иако била свесна дека нејзината мајка е позната личност, признала дека не знаела дека е голема ѕвезда додека не го видела документарниот филм „The Super Model“. Тој ја раскажува приказната за кариерите на врвните модели, вклучувајќи ги Синди Крафорд, Наоми Кембел и Линда Евангелиста.