Каја Гербер не само што е наследничка на една од најпознатите манекенки на сите времиња, туку е и талентирана и успешна.
Каја Гербер, ќерката на легендарната Синди Крафорд, реши да тргне по стапките на својата мајка и да влезе во светот на манекенството. Сите светски дизајнери ја бркаат да биде нивно лице , но таа ги избра нејзините омилени.
Каја веќе неколку години постигнува успеси во модниот свет. Таа е заштитно лице на брендот Marc Jacobs и нивниот мирис „Daisy“. Таа отвори и свој клуб на читатели, покажувајќи дека има поширока перспектива од манекенството.
Таа неодамна стана заштитно лице на брендот Селин, што само дополнително ја потврдува нејзината растечка популарност. Каја прошета по модните писти на ревиите на сите големи модни куќи, а нејзината кариера се уште се развива.
Пред неа се уште многу деловни успеси, а не можеме а да не забележиме колку неверојатно потсетува на својата славна мајка. Таа ја наследила препознатливата убавина и шарм на мајка си, а нејзиниот изглед го освојува светот на модата.
Каја Гербер не само што е наследничка на една од најпознатите манекенки на сите времиња, туку е и талентирана и успешна.
Нејзиниот изглед и професионализам ја прават една од најбараните млади модели денес, а нејзината иднина изгледа светла.