Ако обожавате сладолед од ванила, но ретко наоѓате таков со автентичен вкус и црни точки, дефинитивно треба да ја пробате неговата домашна верзија.
Ванилата не е еден од омилените вкусови на сладолед бидејќи има прилично неутрален вкус и често се комбинира со други, поинтензивни видови сладолед.
Сепак, одлично оди и во комбинација со други десерти како што се топли брауни колачиња, со печени круши или праски или како додаток на топли напитоци како што е кафето.
Состојки:
- 300 милилитри полномасно млеко (можете да користите и кондензирано млеко)
- шест жолчки од јајца
- 100 грама шеќер
- 200 милилитри шлаг
- една мешунка од ванила
За уште поинтензивен вкус, можете да додадете една лажичка екстракт од ванила.
Подготовка:
За почеток, подгответе голем сад со ладна вода и мраз.
Во голем сад, измешајте го млекото и шлагот. Потоа, земете го зрното ванила, исечете го по должина и со нож извадете ги семките. Додадете ги семките и зрното ванила во садот со млекото и павлаката и гответе на тивок оган додека смесата не зоврие. Тргнете го садот од оган и оставете го 10 минути за да се соединат состојките уште малку.
Во посебен сад, измешајте ги жолчките со шеќерот и добро изматете. Потоа истурете го млекото во садот со жолчките и мешајте истовремено. Кога ќе добиете еднолична смеса, вратете ја во тенџерето и продолжете да готвите на тивок оган, мешајќи постојано, додека смесата не се згусне. На крај, додадете лажичка екстракт од ванила, ако сакате појак вкус.
Кога смесата ќе биде готова, префрлете ја во чист сад, а потоа ставете го садот во сад со ладна вода и мраз. Откако смесата ќе се олади, ставете ја во фрижидер најмалку три часа, а потоа префрлете ја во замрзнувач и мешајте го сладоледот најмалку двапати на секои два часа за да спречите формирање кристали од мраз на површината.