За Душан Пекиќ, или познатиот Пинки, главниот лик на филмот „Рани“, оваа улога беше прва, но за жал и последна, бидејќи неговиот живот прерано заврши.
Тој почина на 19-годишна возраст а брилијантно го глумеше Пинки во филмот „Рани“. Тој беше едно од момчињата чие мрачното воспитување во Белград кон крајот на деведесеттите го отслика и го сними режисерот Срѓан Драгојевиќ.
Пекиќ почина во 2000 година во Краљево, додека го отслужувал воениот рок. Причината за смртта не беше објавена до неодамна, но тогаш се огласи неговата мајка Милунка Ташиќ, која, како што вели, дури неодамна нашла сила да го прочита извештајот од обдукцијата. Јавноста со години се сомневаше дека се работи за предозирање, а пријателите се сомневаа дека Пекиќ се задушил.
– Во извештајот од обдукцијата е наведено дека смртта настапила како последица на задушување, поради вдишување на желудечна киселина. После 18 години се осмелив да го прочитам тој наод – изјавила тогаш неговата мајка.
– Душан беше омилен во општеството, но и кај женскиот свет. Имаше многу фанови и неколку девојки. Тој порасна со Ана и таа му даде сила. Јелена, неговата девојка, беше полна со живот, исто како него – изјави тогаш неговата мајка Милунка Ташиќ.
– Живееше брзо и кратко, но исполнето. Сакаше да се запише на глума и почна да се подготвува. Душан беше одличен затоа што ги сакаше луѓето. Беше подготвен да сподели сè со другите – облека, храна, а кога немаа каде, ги носеше пријателите да спијат кај нас – додаде тогаш таа.
Приказната за момчето кое можело да стане голем актер останува легенда.
Имено, Душан Пекиќ случајно влегол во „Рани“, бидејќи продукциската куќа го забележала некаде во Земун и го повикала на аудиција. Тој беше „обично дете“, роден во погрешно време и во погрешна земја. Посетата на Атина му била првото патување во животот што го имал со екипата на „Рани“, а Шваба подоцна изјавил дека првпат се опијаниле заедно и првпат отишле заедно на одмор. На училиште не бил многу добар, но тој бил цврсто решен да се запише на Академијата, затоа што сметал дека таму работиш на себе. Тој тоа не го доживеа, за жал.