Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ сега е пејачка која ужива неверојатен успех, голем број хитови и светска слава. Со нејзините хитови се слават многу настани, а со нејзината музика израснаа и голем број генерации. Како таква, таа е добро позната личност, но оние што ќе навлезат малку подлабоко во нејзиниот карактер ќе видат што ја прави посебна .
Истото го направи и корисничката на социјалната мрежа Тикток, под името Николина Вујевиќ, која привлече големо внимание во јавноста со нејзината неодамнешна имитација на Цеца.
Николина успеа целосно да ги ископира изразите на лицето на Цеца, гестикулациите, карактеристичните движења, но и нејзиниот говор. Низ видеото можеме да видиме дека Николина трепка како Цеца, но и ги имитира движењата на рацете и говорот на телото.
Таа се појави во неколку гостувања во некои емисии и на своите следбеници ја евоцира најголемата фолк дива. На снимката може да се слушне дел од изјавите на Цеца како: „Како да ти кажам, само што сега немаме толкав избор на квалитетни актери“, „Зборувам, ама заостанам “, „Таа е многу паметна девојка, духовита, личи на мене, слободна, многу игра и пее“ и слично.
hahah ali oči original pic.twitter.com/VZPpPmmlMW
— nikola (@elitnigas) March 14, 2024
Видеото доби голем број лајкови, а набргу потоа беше споделено на платформата Х (претходно Твитер), каде за кратко време беше споделено неверојатен број пати.
„О, колку добро“, „Таа ја ископира целосно“, „Премногу добро“ – ова се само дел од коментарите.