ЌЕ ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ ЛИ ДЕНЕС ЏЕН НИКОЛСОН !? Легендарниот актер, забележан за прв пат по 18 месеци, се појави разбушавен и поспан: “Тој ќе умре сосема сам…“ (фото)

Легендарниот актер Џек Николсон е виден во јавноста за прв пат по 18 месеци. Тој бил забележан од папараците додека се релаксирал на балконот од својата палата во познатата Mullholland Drive во Беверли Хилс, Лос Анџелес, пишува Daily Mail.

Трикратниот оскаровец изгледал прилично разбушавено, а неодамна некои од неговите пријатели изразија загриженост дека тој ќе умре сосема сам бидејќи актерот останал изолиран и целосно напуштен – слично како и неговиот поранешен колега актер и сосед Марлон Брандо.

Џек Николсон последен пат беше виден во октомври 2021 година кога присуствуваше на кошаркарски натпревар на Лос Анџелес Лејкерс со неговиот син Реј. 31-годишниот Реј, кој неверојатно наликува на неговиот славен татко, е еден од ретките луѓе со кои актерот сè уште е во контакт.

Џек Николсон се релаксирал на својот балкон во стуткана портокалова маичка и долни тренерки, со разбушавена коса и отсутни очи.

Неговата куќа е како замок од кој никогаш не излегува“, изјавил неодамна негов неименуван пријател за американските таблоиди довавајќи: „Луѓето би сакале тој да излезе барем малку за да видат дали е добро. Тој е во контакт само со неколку блиски роднини и неговиот син Реј, но неговите денови за дружење се далеку зад него“.

Во јануари, неименуван негов пријател изјавил дека актерот е во солидна физичка состојба, но дека психички се распаднал.

Но, набргу по таа изјава, се јави водителот на Fox NewsБил О’Рајли и кажа дека наводите за лошото ментално здравје на Џек Николсон се глупости и дека тој неодамна го посетил и имал долг разговор со него.

Разговаравме долго време и тој ми постави многу интересни прашања. Ние сме пријатели со децении. Па, тој има 85 години! Но, тој е во многу подобра состојба психички од претседателот на САД“, изјави тогаш О’Рајли.

Инаку, во времето на својата најголема слава, Џек Николсон беше познат како неуморно забавно „животно“, а кога не беше на филмскиот сет, деновите и ноќите ги поминуваше забавувајќи се со многу алкохол, жени и дрога.

животздравјеЏек Николсон