Ќе го прогласат за најголем руски херој: Руски војник влезе во украински ров, уби тројца а зароби двајца војници (ВИДЕО)

Веќе неколку дена на социјалните мрежи се споделува видео од подвигот на руски војник, кое предизвикува неподелена почит поради покажаната огромна храброст и пожртвуваност. Командантот на 488. Јуришен одред, Александар Малцев, бил во акција со своите соборци.

Тие се приближиле до украинските ровови за да го избегнат непријателскиот артилериски оган. Но, брзо биле откриени, по што осуммина од нив биле ранети. Откако биле згрижени ранетите, Малцев отишол во непријателскиот ров.

Тој чекал околу 40 минути додека не начекал погодна прилика, а потоа влегол во ровот, застрелал три лица од непосредна близина и заробил уште двајца.

Оваа пресметка се случи на 10 март. Три дена подоцна, Александар Малцев е убиен во битка кај Соледар.

Сега се подготвуваат документи за постхумно да му се додели титулата Херој на Русија.