Родителите во едно основно училиште во Славонија решиле да не ги праќаат децата на настава бидејќи се појави видео на кое се гледа како ученичка од 8-мо одделение се заканува дека ќе ги убие своите врсници.
Имено, се работи за проблематична ученичка која поради насилничко однесување веќе двапати била префрлана од училиште во училиште. Родителите немаат доверба во системот и денес не сакаат да ги праќаат децата на училиште.
Покрај вербалните закани, таа составила и список на ученици кои биле нејзина мета, што дополнително ги вознемирило родителите.
Наводно била поттикната од некој што ја задевал во автобус на пат кон училиште неколку дена претходно, пишува 24 сата.
„Една мајка покажа порака испратена до своето дете во која пишува: „Денеска ти е редот! Кажи збогум на семејството. Ќе добиеш куршум во челото“, вели една од мајките.