Поранешната водителка Ивана Николиќ сподели трогателна порака по трагичната вест за смртта на нејзината сестра близначка Бојана Јанковиќ.
Водителката Бојана Јанковиќ починала, јавија синоќа локалните медиуми, а нејзиното тело е пронајдено во стан во Белград без знаци на живот.
Семејството тогаш ја потврди тажната вест, а Телеграф напиша дека Вишото јавно обвинителство во Белград наредило обдукција на телото на саканото ТВ лице.
Бојана зад себе остави две ќерки кои ги доби во брак со режисерот и рапер Огњен Јанковиќ и изгради долга и успешна кариера на телевизија.
Најголемата популарност ја стекна додека работеше на емисијата Сити на ТВ Пинк, која ја водеше, меѓу другите, со нејзината сестра близначка Ивана Николиќ, која се огласи на Инстаграм по нејзината трагична загуба.
Таа сподели портрет со Бојана, создаден во нивното детство, со емотивна порака.
– Секогаш и засекогаш, Ика и Бока. Ќе живееш, срце мое, во мене, врежано во моето срце, во моето сеќавање, во секој здив што го земам, ти си таму. И знам дека го знаеш тоа, Боко. Ќе го споделам секој сончев зрак со тебе, ќе ја почувствуваш секоја насмевка и се што го прави овој живот вреден. Засекогаш ќе живееш во мојата душа… Тоа и двете го знаеме – напиша поранешната водителка.