Италијанскиот стручњак и тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека е невин и веќе платил казна за затајување данок.
Провинциското обвинителство на Шпанија во Мадрид во средата побара затворска казна од четири години и девет месеци за тренерот на Реал, Карло Анчелоти, поради затајување данок.
Тамошните медиуми јавуваат дека италијанскиот тренер бил обвинет за проневера на 1.062.079 евра во текот на 2014 и 2015 година. Тој се товари за две даночни кривични дела.
– Затвор? Тоа е стара приказна, а започна пред осум години. Обвинителството мислеше дека живеам таму, што не беше точно. Веќе ја платив казната, невин сум – изјави Анчелоти за шпанските медиуми.